Компанијата „Lenovo“ го претстави својот нов смартфон, уредот „Zuk Edge“.
Станува збор за смартфон со 5.5-инчен „Full HD“ заоблен екран кој доаѓа со процесор „Snapdragon 821“, „Adreno 530“ графички чип, батерија од 3.100 mAh, „USB-C“ порта, сензор за отпечаток на прстот, задна камера од 13 и предна од 8 мегапиксели.
Достапен е со 4 и 6 GB RAM, a нуди 64 GB интерна меморија. Исто така, уредот поддржува можност за брзо полнење.
Смартфонот го користи оперативниот систем „Android Nougat“, a неговата цена изнесува 330, oдносно 360 долари. Димензиите на смартфонот изнесуваат 142.9×74.5×7.68mm, a неговата тежина е 160 грама.
Купувачите можат да бираат помеѓу две бои, „Ceramic“ бела и „Titanium“ црна.
Овој смартфон засега е наменет само за кинескиот пазар, но засега е непознато дали тој ќе се појави на останатите пазари.