2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba повторно на американската „црната листа“ - продава фалсификати

Alibaba повторно на американската „црната листа“ – продава фалсификати

aliblack22

Кинеската компанија за електронска трговија „Alibaba Group Holding“ пак беше прогласена за „рај на фалсификатите“, откако повторно беше вклучена во „црната листа“ на САД за продажба на фалсификувана стока, само четири години откако името и беше отстрането од неа, пренесува „Bloomberg“.

Вчера американска агенција ја врати во листата онлајн платформата за тргување на „Alibaba“ – „Taobao“, повикувајќи се на неприфатливо високото ниво на пријавени фалсификати и пиратерија. Компанијата од своја страна изјави дека е разочарана од одлуката.

Иако „Alibaba“ прави се што е можно за да се бори со фалсификатите, најголемата интернет компанија во Азија во моментов е во истата листа, во кој спаѓаат „Pirate Bay“ и „уличните пазари“ во Бразил и Нигерија. Одлуката ги поткопува позициите на „Alibaba“ во САД, каде што се тргуваат нејзините акции, а таа се обидува да создаде силни врски со трговците, марките и други компании кои обезбедуваат забава.

„Тоа е повеќе политичко отколку кое и да е било друго решение“, коментира „Били Леунг, аналитичар на „Haitong International Securities“ во Хонгконг.

Акциите на „Alibaba“ ја намалија за 0,7% својата вредност до 89,25 долари во Њујорк во средата.

Американската агенција предупреди уште минатиот декември дека „Alibaba“ треба да се претстави подобро ако сака да го избегне вклучувањето во листата, која е полна со вебсајтови и пазари на кои се нуди стока која ја повредува интелектуалната сопственост.

Во октомври „Alibaba“, рече дека ја затегнале политиката во однос на копиите и го олеснила процесот, во кој марките можат да поднесуваат барања за фалсификатите да бидат укинати. Таа симна 380 милиони производи од огласите и затвори околу 180.000 онлајн продавници во платформата „Taobao“ за 12-те месеци до август, наведува компанијата.

„Alibaba“ претпоставува дека новото решение на Агенцијата може да е поврзано со политиката. Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп упати остри критики кон трговските договори меѓу неговата земја и Кина, како закана дека ќе ги прекине и ќе наметне увозни давачки за кинески производи.

Во текот на викендот тој ја обвини Кина за тоа дека украла подводен американски дрон, опишувајќи го како „невиден чин“. Државниот кинески весник кој се пишува и на англиски јазик, „China Daily“, предупреди во понеделникот дека неискуство на Трамп во сферата на дипломатијата може да доведе до судири меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП