2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПочувствувајте ја зимската приказна во Skopje City Mall

Почувствувајте ја зимската приказна во Skopje City Mall

bcc

Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на  светилките и украсите. Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани кои ги организираше во текот на целата година. Свесни дека овој период од годината сите најмногу купуваме подароци, City Mall останува верен на своите потрошувачи и нуди неверојатни предновогодишни попусти кај поголемиот дел од закупците.

Од минатиот викенд започна „Зимска приказна“ – програма која ќе трае до 9ти јануари и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави.

bbb

Зимската приказна се дополнува со милион светилки за надворешната илуминација и внатрешното украсување. А за уште поудобно и поинтересно шопинг искуство атмосферата постојано ќе биде затоплена со  новогодишни матинеа каде ќе се чујат најдобрите светски новогодишни музички дела. Тие ќе бидат изведувани од „Дуо-пијано и харамоника“, “Волшебна харфа“, “Трио флејти“ и “Трио жичани инструменти“. Под најголемата елка ќе се претстават и многу пијанисти и други музичари од разни музички училишта од најразлични возрасти. Програмата за деца ќе биде надополнета и со Новогодишен театар за деца каде ќе се изведуваат претставите “Огласот на Дедо Мраз“, “Снешковата желба“, “Волшебна приказна“, “Изненадувањето на Господин Веселко“ на вториот кат помеѓу киното и Bo Bowling. Дедо Мраз и Баба Мразица ќе бидат задолжени да прераскажуваат приказни, па така тие секоја вечер во викендите ќе Ви ги откриваат најдобрите новогодишни приказни. Покрај музичко-театарските изведби за децата ќе се одржуваат и новогодишни работилници каде ќе се изработуваат декорации со FIMO. За време на Новогодишните работилници најмалите ќе можат да изработуваат новогодишни колачиња, новогодишни украси, снегулки и снежен град, и многу други креативни декорации. Coca Cola ќе понуди едно интересно доживување со поставка со анимациони активности како играње на видео игра, инстант фото со Дедо Мраз, Новогодишни креативни работилници и сл.

bhh

 

Со единствена цел да се овозможи новогодишните и божиќните празници да донесат среќа и топлина кај секого, на иницијатива на Skopje City Mall, а со голема помош од неколку брендови коишто се присутни во трговскиот центар, ќе биде активна и донаторската акција Јас Дедо Мраз во која може да учествува секој.

aaa

aab

aac

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП