2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNike се бори со конкуренцијата

Nike се бори со конкуренцијата

njk3

Песимистите на Wall Street предупредуваа од денови за најлошото, а некои аналитичари сметаа дека тримесечниот профит на „Nike“ ќе се намали за прв пат по неколку години.

Но резултатите не се совпаднаа со тие на аналитичарите. Во изминатиот втор квартал најголемиот производител во светот на патики и спортска опрема се покажа во добра кондиција.

Профитот на „Nike“ за второто фискално тримесечје порасна за 7 отсто благодарение на силната побарувачката во САД и Кина. Менаџерите на компанијата изјави дека таа се има обезбедено добро во позадина на се поголемата конкуренција на пазарот.

Во последниве месеци најголемиот производител на спортска стока направи неколку чекори за да ја поттикне директната продажба, да се подобри онлајн продажбата во апликациите и намали цените на дел од своите производи, како „иконските“ патики за кошарка.

А сепак компанијата се бори со стравувањата дека конкуренти како Adidas и Under Armour ја поткопуваат побарувачката на нејзините производи.

Компанијата призна дека продажбата на нејзината единица за кошарка се покажаа под очекувањата, особено двете линии на нејзините познати патики за кошарка. Од „Nike“ изјавија дека веќе се ангажирани со решавање на проблемот, претставување на нови модели и нудејќи пониски цени, објасни бренд претседателот Тревор Едвардс. Компанијата очекува растот на единицата да се врати во втората половина на фискалната година.

Директорите на „Nike“ изјавија дека работат на развој на побрз синџир на снабдување, кој го нарекуваат „експресна линија“. Тој има за цел да ги насочува производите побрзо кон пазарот – за недели наместо за неколку месеци.

Профитот на „Nike“ за фискалниот втор квартал, што заврши на 30-ти ноември, се зголеми до 842 милиони долари, или 50 центи по акција, од 785 милиони долари, или 45 центи по акција од пред 12 месеци. Приходите се зголемени за 6,4% до 8,18 милијарди долари.

Бруто маржата се зголеми за 1,4 процентни поени до 44,2%. Повисоките средни цени на стоките биле компензирани од повисоките производни трошоци и промените во девизните курсеви.

Акциите на компанијата загубија 17% од вредноста во оваа година. Во текот на вчерашниот ден акцијата забележаа 1,5% раст до 52,52 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП