5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледното лето ќе дебитира новиот BMW X3

Следното лето ќе дебитира новиот BMW X3

ikstri3

Премиерата на следната генерација на кросоверот „BMW X3“ ќе се одржи во август 2017-та година, а своето деби пред публика ќе го има за време на меѓународниот автосаем во Франкфурт, еден месец подоцна. Продажбата на кросоверот ќе стартуваат во март 2018-та година, тврди весникот „BMW Blog“, што се повикува на свои извори во компанијата.

Автомобилот ќе стане првиот теренец на баварската марка, изграден на нова шасија со заден пренос. Употребата на универзалната платформа ќе овозможи да се зголеми слободниот простор во кабината, а исто така и да се модернизира управувањето. Покрај тоа, новиот кросовер ќе биде со околу 100 килограми полесен од својот претходник.

Палетата мотори ќе вклучи нов 2,0-литарски турбодизел со 4 цилиндри, а исто така и редовните бензински и дизел 6 мотори. Спортските модификации ќе бидат две – „X3 M40i“ и „X3 M“, како ќе добијат 3,0-литарски твин-турбо агрегати со 6 цилиндри, кој сега се става на „M3“ и „M4“. Во првиот случај силата ќе биде 360 КС, а во вториот – 422 КС.

За моделот ќе се нуди и хибридна модификација со можност за полнење на батериите од електричната мрежа. Тоа ќе вклучува бензински турбо-мотор со 245 КС и електричен мотор со 95 КС. Моќноста на агрегатот ќе надмине 300 КС, а само на електричната енергија новиот „X3“ ќе поминува до 50 км.

Во 2020-та година ќе излезе и целосно електрична верзија, но тоа нема да влезе во „i“-семејството на „BMW“. Освен електричен „X3“ раководството на баварците одобрило претставување на „зелени“ верзии на „Series 3“, на крос-купето „X4“ и на хечбекот „MINI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП