30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S8 ќе биде поскап до 20 отсто од S7

Galaxy S8 ќе биде поскап до 20 отсто од S7

samsung-galaxy-s8

Иако за телефонот Samsung Galaxy S8 веќе има премногу гласини, најновата вели дека телефонот ќе биде за 15 до 20 отсто поскап од својот претходник, но сепак на неа ќе и се даде значење бидејќи доаѓа од експертите на инвестициската банка Goldman Sachs.

Тие мислат дека зголемувањето на трошоците за материјалот за изработка на Samsung Galaxy S8 ќе се рефлектираат и во цената на уредот, и дека тоа ќе ги чини корисниците.

Ова значи дека во најлош случај Galaxy S8 на неговото лансирање ќе биде поскап за 15 до 20 отсто од моделот од оваа година. Очигледно е дека фановите на Samsung ќе добијат нешто за возврат доколку компанијата одлучи да побара повеќе пари за новиот „flagship“ телефон, па така се очекува Galaxy S8 да донесе повеќе нови функции.

Според најновите гласини, Samsung Galaxy S8 ќе добие свој специјален настан во април и дека нема да биде преставен на Светскиот мобилен конгрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП