12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Skoda Octavia RS за 2017-та (фотo)

Премиера: Skoda Octavia RS за 2017-та (фотo)

fskoda-00

Спортската верзија на „Skoda Octavia“ – „RS“, доби „освежување“ неколку недели по основната варијанта на моделот, а освен очекуваните промени во предниот дел, кај „RS“ има вести поврзани со моторите.

И покрај последиците од скандалот „Дизелгејт“, во палетата на „Octavia RS“ останува 2-литарскиот „TDI“ мотор со 184 коњски сили. Во исто време 2-литарскиот бензински „TSI“ агрегат добива скромно зголемување на моќноста – со 10 коњски сили до 230, што ја претвора оваа верзија на „RS“ во најмоќниот сериски претставник на семејството „Octavia“.

fskoda-01

Спротивставената поделба на фаровите што се појави кај „Octavia“, не изгледа подобро кај „RS“, но пак новите фарови се целосно со „LED“ светла. Во внатрешноста се појавуваат истите промени како кај обичните верзии на „Octavia“. Сепак, сопствениците на „RS“ ќе можат да порачуваат седишта тапацирани со алкантара, воланот е облечен во перфорирана кожа, а на рачките на вратите се појавуваат светло.

Новата верзија на „Octavia RS“ покажува интересна насока, која ја преземаат конструкторите на чешката компанија. Наместо да ја зголемуваат моќноста на моторите, тие се одлучиле да направат промени на суспензијата. Сега таа е намалена со 15 мм, а задниот траг на автомобилот е проширен со 30 мм.

fskoda-02

Сериската „Octavia RS“ ќе се нуди со 17-инчни тркала, а поголемите со големина од 18 и 19 инчи ќе се порачуваат како опција. Динамичките карактеристики на дизел и бензинските верзии на „RS“ се импресивни. Со „TSI“ моторот „RS“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,7 секунди, има максимална брзина од 250 км/ч и просечна потрошувачка од 6,5 литри на 100 км. Серискиот модел доаѓа со 6-брзински мануелен менувач, но може да се нарача и со 6-брзински „DSG“ менувач.

Кај 2-литарскиот „TDI“ забрзувањето до 100 км/ч се случува да 7,9 секунди, но комбинираната потрошувачка е само 4,5 литри на 100 км. И двата мотори може да се порачуваат со погон 4х4.

fskoda-03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП