17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер остана без техничкиот директор

Твитер остана без техничкиот директор

adam333

Техничкиот директор на Твитер, Адам Месинџер, потврди дека поднел оставка, со што само ја потврди претходната најава за отпуштање на вработените од оваа американска социјална мрежа.

“Одлучив дека мора да го напуштам Твитер по пет години работа”, рече Адам, кој се заблагодари на основачот на групата Џек Дорси за соработката.

Пред неколку недели оставка поднесе и другиот шеф на Твитер, Адам Бејн, кој се сметаше дека е „десна рака“ на Дорси.

Твитер има финансиски тешкотии да донесе нови инвеститори, затоа што се уште не успеа да има поголем профит од своето основање во 2006 година.

Оваа социјална мрежа во крајот на октомври објави дека ќе отпушти 350 работници, односно 9 отсто од својата работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП