6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla ја зголемува кредитната линија со околу 500 милиони долари

Tesla ја зголемува кредитната линија со околу 500 милиони долари

tesla-e14

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla Motors Inc.“ го зголемува својот кредитен капацитет со помош на два кредитни договори за вкупно околу 500 милиони долари. Ова се случува само два месеци откако извршниот директор на компанијата Илон Муск објави дека до крајот на годината на компанијата може да не и се наметнува да ги зголемува обврските, пренесува „Bloomberg“.

„Tesla“, која минатиот месец го купи производителот на панели за соларна енергија „SolarCity Corp.“ за 2 милијарди долари, склучи кредитна линија со „Deutsche Bank AG“ за 200 милиони долари, покажуваат документите кои се доставени до регулаторот. Компанијата има можност да додаде уште 50 милиони долари од овој договор, а исто така и да се засили со посебна кредитна линија за уште 300 милиони долари.

Муск ги изненади инвеститорите во октомври, велејќи дека „Tesla“ нема да мора да го зголемува капиталот или да зема пари на заем во овој квартал, додека некои аналитичари тврдат дека Концернот можеби има потреба од околу 2,5 милијарди долари за покривање на амбициозните планови на инвеститорот. Со податоците од вчера кредитните линии на „Tesla“ ќе достигнат сума од околу 1,8 милијарди долари.

„Не мислам дека е шокантно дека со текот на времето „Tesla“ ќе има потреба од повеќе средства. Компанијата е млада и има огромни планови за раст, па со текот на времето јас очекувам повеќе капитални зголемувања и повеќе капацитети за кредитирање“, вели Дејвид Вистан, аналитичар во „Morningstar Inc.“ во Чикаго.

Од „Tesla“ не коментираа ништо повеќе надвор од содржината на регулаторното известување за плановите за проширување на своите кредитни линии, рече Сара O’Брајан, портпарол на компанијата.

Автомобилскиот производител продаде околу 50.000 возила во 2015-та година и има за цел да ги продава по половина милион автомобили годишно до 2018-та година. Повеќето од овие продажби се очекува да се генерираат од „Model 3“, првиот електричен автомобил на „Tesla“ за масовниот пазар, кој е планиран да дебитира до крајот на следната година. Компанијата исто така гради огромна фабрика за производство на батерии источно од Рино, Невада, а Муск претстави визија, вклучувајќи го производство керамиди кои генерираат соларна енергија, кои се интегрираат со магацински единици за електрична енергија на компанијата

Со седиште во Пало Алто, Калифорнија, „Tesla“ забележа квартална добивка во октомври, првата по осум квартали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП