28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХари Костов и Д-р Маја Штериева остануваат на чело на Комерцијална банка...

Хари Костов и Д-р Маја Штериева остануваат на чело на Комерцијална банка АД Скопје

hariiii

Според Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје ја објави Одлуката на Надзорниот одбор на Банката во согласност со Народната банка на Република Македонија за избор на членови на Управниот одбор на Банката.

Продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор.

 

За Хари Костов

hariiii

Роден е во с. Пишица, Пробиштип, во 1959 година. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Кариерата ја започнува во Владата на Република Македонија во 1983 година, каде, меѓу другото, работи како Стручен соработник во Кабинетот на Претседателот, Советник во Кабинетот на Претседателот, Советник во Извршниот совет на Собранието на РМ, Советник во Кабинетот на Претседателот на Владата, за во 1994 година да биде именуван за Заменик-министер за финансии. Во 1995 година заминува во САД како Помошник-извршен директор во Светска банка. Во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа како Генерален директор во 1996 година. Во периодот од 2002 до 2004 година повторно заминува во Владата на Република Македонија како Министер за внатрешни работи, а подоцна станува Премиер на Владата на Република Македонија. Од 2004 година продолжува да работи во Комерцијална банка АД Скопје како Прв генерален директор, каде од 2008 година ја извршува функцијата Главен извршен директор и е Претседател на Управниот одбор.

За Д-р Маја Стевкова Штериева

maja-stevkova

Родена е во Скопје во 1970 година. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде подоцна завршува и магистерски студии по Монетарна економија. Во месец февруари 2012 година на Економски факултет при Универзитетот „Св.Кирил  и Методиј“ во Скопје, се стекна со научниот степен Доктор на економски науки. Своето работно искуство го започнува во Комерцијална банка АД Скопје во 1993 година во Секторот за односи со странство, работејќи како Референт, односно Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, а подоцна и како Координатор, односно Самостоен координатор во Секторот за деловна политика. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и е член на Управниот одбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП