2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook со лажни информации го преземал WhatsApp, обвини ЕК

Facebook со лажни информации го преземал WhatsApp, обвини ЕК

facebook-whatsapp333

Европскиот регулатор го обвини Facebook дека им доставил лажни информации при преземањето на WhatsApp, а доколку обвинувањата се покажат како основани, тоа американската компанија би можело да ја чини еден отсто од приходите.

Европската комисија(ЕК) во 2014 година го одобри преземањето на WhatsApp од страна на Facebook, за да во меѓувреме се покаже како спорна промената на начелата на WhatsApp за заштита на приватноста од август оваа година, во кои оваа компанија наведува дека на Facebook ќе му достави телефонски броеви на одделни корисници.

Тој потег поттикна истрага на неколку агенции на ЕУ задолжени за заштита на приватноста на податоците.

Приговорот до Facebook нема да има влијание врз одобрението на 22 милијарди долари вредното спојување, напомнуваат од ЕК.

Facebook има рок до 31 јануари да одговори на забелешките на Комисијата и ако не ги отстрани, би можеле да бидат казнети со парична казна во противвредност од еден отсто од приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП