22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини новиот Mercedes E Сlasѕ Coupe?

Колку ќе чини новиот Mercedes E Сlasѕ Coupe?

kumece00

Европските дилери на „Mercedes-Benz“ почнуваат да примаат нарачки за новата генерација на купето „E-Class“. Во Европа моделот ќе се појави во март следната година, а веќе се познати неговите стапки.

При почетокот на продажбата моделот ќе се појави во 4 модификации. Најприфатливиот од нив – „E 200“, е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор со моќност од 184 КС. Кај оваа модификација цените стартуваат од 49.051 евра (со ДДВ) во Германија.

kumece01

Следната опција е „Mercedes-Benz E-Class Coupe“ со истиот мотор, но со 245 КС. Тоа е модификацијата „E 300“, која е проценета на 54.740 евра. Дизел купето „E 200 d“ со 194 КС ќе се нуди за минимум од 50.575 евра, додека топ-верзијата – „E 400 4Matic“ со бензински 3.0-литарски V6, развива 333 КС, и ќе чини 64.807 евра.

kumece02

Сите модификации се потпираат на 9-брзински автоматски менувач. Во опремата на возилата влегуваат воздушно потпирање, индикациската оптика, системот за екстрено запирање со функција за препознавање на пешаците, два 12,3-инчни дисплеи, активен крус-контрол и систем за далечинско паркирање со помош на смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП