2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy S8 може да биде одложен

Galaxy S8 може да биде одложен

sosmica993

Во последниве неколку години корејскиот технолошки концерн „Samsung“ секогаш ги пушта своите водечки уреди од серијата „Galaxy S“ во февруари. 2017-та година, сепак може да биде различна.

Според новите информации, цитирани од „GSMArena“, „Galaxy S8“ може да не биде претставен за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, а да биде забавен до април, кога ќе биде презентиран на настан во Њујорк.

Непотврдената причина можеби лежи во фактот дека „Samsung“ не сака да избрзува со претставување на уред кој не е целосно проверен и тестиран во позадина на огромниот скандал со самозапалување на батеријата на „Galaxy Note 7“.

Според „Goldman Sachs“, „Samsung“ ќе се соочи со уште еден предизвик – значително поскапа цена за „Galaxy S8“ од онаа на неговиот претходник. Износот може да е за 20 отсто повисок, покажува извештајот на банката.

Главната причина за тоа нагло зголемување на цената е наводното присуство на виртуелен асистент, кој „Samsung“ ќе го интегрира во „Galaxy S8“.

Со оглед дека почетната цена на „Galaxy S7“ беше 799 долари, „Galaxy S8“ може да чини повеќе од 950 долари за основниот модел. Големо прашање е дали корисниците ќе имаат тенденција да платат толку висока цена за новиот смартфон, особено по разочарувањето од „Galaxy Note 7“.

Во меѓувреме станува јасно дека внатрешната истрага на „Samsung“ е завршена, додека финалниот извештај веќе е испратен од „Samsung“ на корејскиот орган „Korea Testing Laboratory“, американската организација за безбедност и други организации. Според „The Investor Korea“ се очекува наскоро извештајот да стане јавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП