Компанијата „Lamborghini“ ја откри официјално обновената верзија на суперавтомобилот „Aventador“, која го добила додатокот „S“ кон името. Моделот добил подобрена аеродинамика и зголемена моќност на атмосферскиот V12 мотор, така што станува првиот сериски автомобил на марката со погон на 4 тркала.
Моделот не е променет само технички, туку и на изглед. Во споредба со досегашниот „Aventador“ верзијата „S“ има 130% поголема притисна сила во предниот дел, а тоа се должи најмногу на промената во предниот браник. Прилагодливот спојлер позади ја зголеми вкупната притисна сила на суперавтомобилот со 50%. Новиот модел може да биде различен од стариот благодарение на отворите за воздух на вратите и на новите отвори за воздух лоцирани крај моторот.
Редизајнираното возило го задржа карбонскиот моноблок, но сега се активни и неговите четири тркала – за подобра отпорност при високи брзини и за подобро маневрирање при мали брзини. До 80 км/ч задните тркала вртат во насока спротивна на предните, но како и кај сите слични системи девијацијата е сосема мала. А над 80 км/ч задните се усогласуваат со предните. Според тест пилотите овој систем го олеснува многу маневрирањето при мала брзина и автомобилот реагира така „како да е за 50 см пократок“.
Кај „Aventador S“ е променета и суспензијата, а амортизацијата и задните пружини добиле нови поставки. Суперавтомобилот се одликува и со подобар програмски колатерал систем за стабилизиција и наштиман систем за погон на четири тркала, при што 90% се префрла кон задната оска.
Контролната електроника кај „Aventador S“ исто така е модернизирана, а кон сегашните 3 режими на работа на агрегатите – „Strada“, „Sport“ и „Corsa“ е додадена и варијанта „Ego“. Тој му овозможува на возачот самостојно и целосно одвоено еден од друг да ја прилагодува работата на моторот, менувачот и суспензијата.
Обновен е и моторот на моделот. Атмосферскиот 6,5-литарски V12 добил дополнителни 40 КС во споредба со својот претходник и веќе развива 740 КС и максимален вртежен момент од 690 Нм, достапни при 5500 врт/мин. Со овој агрегат возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, до 200 км/ч за 8,8 секунди и до 300 км/ч за 24,2 секунди. Максималната брзина е 350 км/ч.
Продажбата на „Lamborghini Aventador S“ ќе стартуваат од летото 2017-та година, а моделот е проценет на 311.394 евра.