20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord конечно започна со производството на GT

Ford конечно започна со производството на GT

forgt44

Сериското производство на суперавтомобилот на „Ford“ – „GT“ веќе е факт, а првите примероци се веќе готови, а испораките за клиентите почнуваат уште овој месец. Импресивениот „GT“ се произведува во фабрика во брендот, во близина на Торонто во Канада.

„Во почетокот на 2016-та година имавме две главни цели поврзани со суперавтомобилот „Ford GT“ – да победиме на Ле Ман и да почнеме со снабдувањето на клиентите пред крајот на годината“, вели еден од шефовите на компанијата Раџ Неир.

Токму овогодинешното учество на „GT“ на „24 часа Ле Ман“ предизвика еден од скандалите околу автомобилот. „Ford“ доби дозвола да стартува во класата „GTE“ иако располагаше само со прототип, но не и со сериски примероци, кои се основа за хомологација на тркачки автомобил. Тоа не беше прифатено особено од ривалите на „Ford“ во класата, но на крајот „GT“ стигна до патеката.

„Ford GT“ дебитираше на саемот во Детроит во почетокот на 2015-та година, речиси 2 години пред почетокот на сериското производство. Неодамна „Ford“ објави видео од тестовите со голема брзина на „GT“, а стави акцент на моторот со кој се управува суперавтомобилот – 3.5-литарски V6 „EcoBoost“. Моторот работи со две турбини и силата ќе биде над 600 коњски сили. Од компанијата ветуваат забрзување од 0 до 96 км / ч за 3,2 секунди.

Производствената серија на „GT“ ќе биде доста скромна – 250 автомобили годишно, а цената на еден автомобил започнува од 400.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП