27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоколку не го препознае сопственикот, смартфонот не прикажува нотификации

Доколку не го препознае сопственикот, смартфонот не прикажува нотификации

honor300

Компанијата „Honor“ на кинескиот пазар го пласираше својот смартфон „Honor Magic“ промовирајќи го како „уред на иднината“.

Смартфонот изгледа доста напредно, а поседува 5-инчен „AMOLED“ eкран, задна камера од 12 и предна од 8 мегапиксели и го користи оперативниот систем „Android 6.0“. Покрај тоа, го доби процесорот „Kirin 950“ на „Huawei“, 64 GB интерна меморија, 4 GB RAM, a го напојува батерија од 2.900 mAh.

Опремен со сензор за отпечаток на прстот, сензор за амбиентално осветлување, компас, сензор за близина, акцелерометар, жироскоп и индиктаор за статусот на телефонот.

Уредот ќе биде достапен во златно-црна и бела боја.

„WiseScreen“ софтверот користи сензор во рамките на смартфонот, како и инфраред сензор во предната камера. Кога корисникот ќе го земе смартфонот во раце, сензорот и камерата работат во тандем за да ги препознаат рацете и очите на сопственикот.

Сличен софтвер кој се нарекува „FaceCode Intelligent Recognition“ овозможуваат прикажување на нотификации само кога ќе го препознае сопственикот.

„Honor Magic“ доби и дополнителен софтвер кој се нарекува „Magic Live“, кој се потпира на вештачка интелегенција при извршување на одредени задачи. Од компанијата тврдат дека смартфонот може да препознае кога корисникот вози, па така автоматски да се префрли во режимот за возење. Доколку лицето го користи смартфонот да повика такси, регистрацијата на возилото се појавува под екранот под заклучениот мод на екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП