20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја претстави најбрзата „петка“: M550i xDrive (фото+видео)

BMW ја претстави најбрзата „петка“: M550i xDrive (фото+видео)

mpe000

Баварскиот производител во октомври го најави „BMW M550i xDrive“, a сега имаме можност да ги погледнеме и официјалните фотографии од овој модел.

Ќе мине подолго време додека „BMW“ го претстави новиот „M5“, a тогаш титулата најмоќниот и најбрзиот продукциски модел на „Serieѕ 5“ ќе ја има „M550i xDrive“.

mpe001

„M550i xDrive“ е најавен како една од верзиите на новата генерација на „петката“ уште во октомври, кога „Seriеѕ 5“ зa 2017-та имаше „online“ премиера. Aвтомобилот под хаубата крие 4.4 литарски „twin-turbo V8“, кој го има и во „M5“ од постарата генерација.

mpe002

За потребите на новата „M Performance“ верзија моторот е скротена така што неговата моќ е намалена од 560 ks, колку што нуди стандардниот „M5“, на 462 ks (340 kW), колку што развива и „M550i xDrive“ при 5.500 o/min, додека максималниот вртежен момент изнесува 650 Nm, при 1.800 o/min. Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на aвтоматскиот „Steptronic Sport“ менувач.

mpe003

Тоа е доволно „M550i xDrive“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за точно 4 секунди, што е подобар резултат од претходниот „BMW M5“, во неговата основна продукциска верзија. Максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

mpe004

Во споредба со „обичната“ верзија, „BMW M550i xDrive“ визуелно се разликува според аеродинамичките додатоци на надворешноста. Покрај тоа, автомобилот има за 10 mm пониско растојание од тлото во однос на регуларната „петка“, благодарејќи на адаптивниот спортски систем на суспензијата.

mpe005

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу стандардните 19 инчни тркала или изборните алуминиумски бандажи од 20 инчи.

Со цел дополнително да се разликува од стандардните везрии на „Serieѕ 5“, „BMW M550i xDrive“ ќе има сини „шепи“ на сопирачките, а тука се и неизбежните „М“ ознаки, како на како на каросеријата, така и во кабината на автомобилот, додека позади се истакнуваат 4-те завршетоци на „M Sport“ издувниот систем.

mpe006

„BMW M550i xDrive“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Детроит, во јануари 2017-та година, а во продажба се очекува да се појави во почетокот на пролетта. Засега цената на овој модел не е соопштена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП