3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus договори продажба на 100 авиони

Airbus договори продажба на 100 авиони

iri-avioni3

Иран го финализираше договорот со „Airbus“ за купување на 100 авиони, првите примероци се очекува да бидат доставени уште во средината на јануари, соопшти висок претставник на државата.

Зделката, која е поделена речиси еднакво помеѓу авионите со широко и со потесено куќиште, ќе биде потпишана во следните неколку дена, изјави заменик-министерот за транспорт и јавни работи Асгар Фахрие Кашан за „Ројтерс“.

„Ги финализиравме преговорите со „Airbus“ и секој момент ќе можеме да го потпишеме договорот во Техеран. Чекаме некои последни дозволи и очекуваме да потпишеме денес или утре“, вели тој во телефонското интервју.

„Airbus“ ќе достави 4 вида млазни авиони: со средна големина „А320“ и „А321“ и со голем корпус – „А330“ и „А350“, вели Кашан, потврдувајќи дека Иран се откажал од супермоелот „А380“, дел од нацртот, потпишан во Париз во јануари.

Иран, кој минатата недела го финализираше договорот со „Boeing“ за 80 авиони, има постигнато договори со странски компании за лизинг за финансирањето на вкупно 77 авиони, вклучувајќи 42 од „Airbus“ и 35 од „Boeing“, дополнува Кашан.

„Ќе има барем две лизинг компании“, вели тој.

Иран купува авиони, за да ја обнови застарената флота на превозникот „IranAir“ во рамките на договорот, со што светските сили ги кренаа повеќето меѓународни санкции во замена за ограничувањата на нуклеарната програма на земјата.

Распоредот претпоставува дека првата испорака на „Airbus А321“ може да пристигне пред инаугурацијата на 20-ти јануари на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој искажа низа критики против нуклеарната зделка. Испораката ќе се случи и пред изборите за претседател на Иран во мај.

Американското Министерство за финансии обезбеди лиценци за извоз, за да можат двете зделки да продолжат напред – услов за „Airbus“ и „Boeing“ поради засиленото користење на американските делови и од двете компании.

На прашањето дали трансакцијата може да пропадне ако Вашингтон ги повлече сертификатите или наметне нови трговски ограничувања врз Иран, Кашан рече: „Не се грижи за тоа, иако не треба да ја игнорираме таквата можност“.

„Факт е дека Трамп може да наметне одредени нови санкции, но ќе го сметаме тоа за прекршување на JCPOA (нуклеарната трансакција), во која експлицитно се предвидува можноста за купување на авиони и продажба од производители“, дополнува Кашан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП