22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb сака да собере дополнително уште 153 милиони долари

Airbnb сака да собере дополнително уште 153 милиони долари

aribnb-milioni3

„Airbnb“ сака да собере дополнителни 153 милиони долари во прилог на последниот круг на финансирање. Ова се случува во момент во кој компанијата се залага повеќе на својата глобална експанзија.

Прибирањето на средства е продолжение на септемврискиот круг на финансирање, кога „Airbnb“ привлече над 555 милиони долари, покажуваат податоците.

Сега цената на акциите, кои се продаваат, е 105 долари, а тоа е над износот од финансискиот круг во 2015-та година – 93,09 долари, според „CB Insights“.

„Airbnb“ која обезбедува платформа на сопствениците на куќи да ги изнајмуваат своите станови и куќи, ужива огромен раст, но исто така се соочува со се потешка битка со регулаторите во целиот свет. Тие тврдат дека нејзината услуга води до зголемување на цените на кириите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП