2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram веќе има 600 милиони корисници

Instagram веќе има 600 милиони корисници

insta3399

Корисничката база на апликацијата за споделување на фотографии „Instagram“ се зголеми до над 600 милиони, објави компанијата која е во сопственост на „Facebook“.

„Instagram“ се радува на успехот благодарение на новите функции, кои и помогнале да добие уште поголема популарност.

Апликацијата привлекла нови 100 милиони корисници од јуни досега, кога последен објави дека ја поминала границата од 500 милиони луѓе, напиша компанијата во својот блог.

Оттогаш компанијата има издадено „Instagram Stories“, слајдшоу од видео и слики, идентична на една од најпознатите функции на „Snapchat“.

Неодамна „Instagram“ ги подобри и нивните безбедносни алатки, така што им овозможи на корисниците да ги контролираат сами коментарите под објавите.

Компанијата е на пат да генерира 1,5 милијарди долари рекламни приходи во оваа година, тврди компанијата за студии „eMarketer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП