3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Oracle ги надмина очекувањата, но не и приходите

Профитот на Oracle ги надмина очекувањата, но не и приходите

oracle353

Американската технолошка компанија „Oracle“ забележа профит за кварталот, кој ги надмина со малку очекувањата на аналитичарите, додека приходите се покажаа под предвидувањата, пишува „CNBC“.

Компанијата изјави дека нејзиниот корегирана профит за вториот фискален квартал достигна 61 центи по акција. Пријавените приходи се во износ од 9,07 милијарди долари. За споредба, пред една година компанијата објави профит од 63 центи по акција при приходи од 9 милијарди долари.

Иако од „Oracle“ изјавија дека нивниот успех во сферата на облачните услуги е „феноменален“, резултатите на компанијата беа под влијание на силниот долар, бидејќи „Oracle“ генерира повеќе од половина од својот приход надвор од САД.

Аналитичарите очекуваа профит од 60 центи по акција и 9,12 милијарди долари приходи, покажува консензус прогнозата на експертите анкетирани од „Thomson Reuters“. Во септември компанијата изјави дека очекува приспособен профит во опсег 59-62 центи по акција за вториот фискален квартал.

Приходите на „Oracle“ од софтверски и облачни услуги достигнаа 7,2 милијарди долари, што е малку под очекуваните 7,31 милијарди долари според „StreetAccount“. Вкупните приходи од облачните услуги достигнаа 1,1 милијарди долари во споменатиот период. Тоа е првото тримесечје, во кое тие се над 1 милијарда долари.

Акциите на компанијата ја намалија својата вредност со повеќе од 2% во текот на берзанската трговија.

Се очекува девизните флуктуации да продолжат и во третиот квартал, изјавија директорите на „Oracle“ пред инвеститорите. Тие прогнозираат профитот за тековниот период да е меѓу 61 и 64 центи по акција при постојани девизни курсеви.

Едниот извршен директор Марк Херд изјави дека третиот квартал има шанса „да биде најдобар“ за компанијата.

Финансиските резултати на „Oracle“ се појавија набрзо по средбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и извршените директори на големите технолошки компании во САД. На состанокот присуствуваше другиот извршен директор на „Oracle“ Сафра Катц, кој се приклучи на тимот на советници на Трамп. Катц ќе остане на чело на „Oracle“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП