6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАPolitico: Македонија во ЕУ по 2030-та, земјите од регионот по 2025-та година

Politico: Македонија во ЕУ по 2030-та, земјите од регионот по 2025-та година

politico333

Македонија би станала членка на Европската унија (ЕУ) по 2030-та година, додека земјите од регионот тоа би го направиле за отприлика пет години порано, односно по 2025-та, пишува европското издание на Politico.

Во поглед на Македонија, шансите кои Politico и ги дава на земјата за членство се 50 проценти, и оценува дека како предност е тоа што во Македонија има помалку внатрешни проблеми отколку Босна и Херцеговина. „Преговорите за членство одат многу бавно. Грција не го признава дури ни името Македонија, кое го смета како закана за територијалниот интегритет на сопствената покраина со истото име. Македонија исто така има голем број на несогласувања со Бугарија, а покрај тоа постојат и сериозно обвинувањата кои се однесуваат на непочитувањето на владеењето на правото“, пишува Politico.

Според пишувањата на овој магазин, изненадувачки, прв кандидат за членство би можела да биде Албанија, која веќе е членка на НАТО и е „ослободена од југословенските војни од 90тите години“. Politico наведува дека од земјите од западен Балкан, Албанија би можела прва да стигне до членство во ЕУ, односно по 2025-та година, додека Црна Гора, Србија и Косово тоа би требало да го достигнат по 2027-та година.

„Сите други земји од западен Балкан имаат бројни компликации. Што се однесува до Македонија, членката на ЕУ Грција одбива дури да го признае и нејзиното име. Доколку ЕУ би дозволила Црна Гора и Косово да влезе во одбраното друштво без Србија, тоа би предизвикало значајна нестабилност во регионот. Босна и Херцеговина е во најлоша позиција од сите и би можела да ги забави сите останати земји во случај ЕУ да сака земјите од Балканот да влезат во унијата во форма на блок“, пишува Politico.

Ниедна држава не поднела барање станала членка за помалку од пет години (Финска го држи рекордот). За членките од поранешниот Варшавски пакт и СФРЈ тој процес во просек е 10 до 15 години.

Politico се осврнува и на потенцијалните членства на Украина и Турција, пришто Киев би можел да очекува членство некаде по 2035-та година, додека пак членството на Анкара е „практично невозможно“.

„Имајќи ги предвид сите потешкотии низ кои поминува Украина, како и одбивањето на холандските гласачи да го прифатат Договорот за проширување на ЕУ, таа опција засега е тешко остварлива. Според тоа, членството во ЕУ додека на чело на Русија е Владимир Путин би било еднакво на самоубиство“, пишува весникот. За Турција, пак, Politico пишува дека земјата под владеењето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се движи кон авторитаризам и има фундаментални проблеми во областите на владеењето на правото и слободата на изразувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП