Кога станува збор за ефикасно и ефективно домување, првото нешто што доаѓа на ум се месечните сметки. Со самата изградбата на висококатниците стандардите за живеење се качени на повисоко ниво. Целиот комплекс на Cevahir Sky City нуди ексклузивна функционалност на сите станари поради достапноста на сите елементи кои сочинуваат еден модерен начин на живеење.
Енергетски ефикасната фасада на висококатниците е состоена од трослоен вентилационен систем кој нуди огноотпорност, извонредна топлинска и звучна изолација која директно придонесува во зачувувањето на топлината на домот и одржување на пријатна температура без притоа да се зголемуваат месечните сметки. Иновативниот VRF систем за греење и ладење ослободува 4 KW енергија за секој 1 KW потрошена енергија. Доколку ова го пренесеме на сметките за струја се заклучува дека месечно заштедувате 1700 денари, што на годишно ниво изнесува над 20 000 денари конкретна заштеда. VRF системот овозможува и топла вода 24 часа на ден, во текот на целата година. Системот се користи по потреба на станарите преку еден клик на копче, по потреба, што значи дека не плаќате за нешто што не го користите.
Енергетски ефикасните објекти се апсолутно неизбежни во ова модерно време на живеење. Придобивките се големи, а загуби нема. Cevahir Sky City комплексот овозможува луксузно и фунционално живеење со голема економска рентабилност.