19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе претстави 5 нови кросовери за 3 години

BMW ќе претстави 5 нови кросовери за 3 години

bkross33

BMW планира да претстави 5 нови кросовери до крајот на 2019-та година, пишува „BMWblog“, повикувајќи се на свои извори од баварскиот производител.

Првиот од новите „SUV“ модели ќе биде новата генерација на „BMW X3“, што ќе добие и комплетна „M“ модификација. По него ќе се појави сериска верзија на „BMW X2“, чија концепт варијанта беше претставена на саемот во Париз во октомври 2016-та година.

Овие два кросовери ќе бидат следени од новата генерација на „BMW X4“. Ова исто така е крос-купе, а во неговата основа ќе стои следниот „X3“. Покрај тоа, баварците подготвуваат и нов „BMW X5“ кој ќе се разликува радикално од сегашниот. Тој ќе биде изграден на платформата „CLAR“, која се користи кај последната генерација на „BMW Series 7“.

Последен во 2019-та година, ќе излезе и новиот флагмански теренец на брендот. Тоа е „BMW X7“ кој ќе треба да се бори за клиенти со „Range Rover“ и „Cadilac Escalade“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП