19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ja оствари првата испорака со дрон (фото+видео)

Amazon ja оствари првата испорака со дрон (фото+видео)

prime-ama

Компанијата „Amazon“ објави дека ја извршила првата испорака со дрон. За тоа сведочат слики и видео материјал, објавени од страна на компанијата.

Основачот и извршен директор на гигантот во онлајн трговијата Џеф Безос објави на „Twitter“ дека испораката траела само 13 минути.

„Првата испорака #AmazonPrimeAir веќе е во историјата. Од кликнување до испорака – 13 минути“, напиша Безос.

Договорот што е за еден од стриминг уредите на компанијата и голем пакет пуканки, била доставена до реален клиент од страна на еден од дроновите на „Amazon“. Tие ќе можат да ги пренесуваат пратките со тежина до 2,2 кг, а целта им е да стигнат до крајните клиенти во рамките на 30 минути.

Податоци на компанијата покажуваат дека 87% од нарачките од „Amazon.com“ се токму под 2.2 кг.

prime-ama1

Дроновите се само дел од долгорочните планови на компанијата да развие свој транспортен систем, со кој ќе го контролира снабдувањето. Трошоците за снабдување на „Amazon“ за третиот квартал на 2016-та година се зголемија за 43%, до 3.9 милијарди долари.

prime-ama2

Првата испорака е остварена во близина на Кембриџ – во зона, која има дозвола за тест летови на дронови.

prime-ama3

„Amazon“ ја објави испораката само пет часа пред Безос и други лидери од технолошката индустрија да се состанат со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Друг од плановите за иднината на „Amazon“ е отворањето на супермаркети без персонал и редици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП