3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota вети спортска верзија на Yaris

Toyota вети спортска верзија на Yaris

laval333

„Toyota“ подготвува „хотхеч“ верзија на својот „Yaris“, која ќе биде инспирирана од новиот „WRC“ автомобил на Јапонците, соопштија од компанијата.

Јапонците се уште не објавија кога да ја очекуваме спортската верзија на „Yaris“ и за неа се знаат премалку работи. Речиси сигурно е дека автомобилот нема да е со погон 4х4, но пак ќе има интересни аеродинамични елементи, речиси директно преземени од „WRC“ верзијата – сплитер под предниот браник, голем спојлер одзади, големи алуминиумски бандажи и можеби дифузер.

Ова ќе е првата таква верзија на модел на „Toyota“ од 2007-ма година, кога заврши животниот пат на „Corolla T-Sport“, а две години порано беше прекинато производството на „Yaris T-Sport“.

Допрва ќе се дознае и со каков мотор ќе биде опремено возилото. „WRC“ автомобилот ќе ја бара победата по тркачките делници со 1,6-литарски турбо мотор со 380 коњски сили, што исто така ветува немири за навивачите на „Yaris“.

Потсетуваме дека јапонскиот гигант „Toyota“ се враќа во Светскиот рели шампионат (WRC), за прв пат по 1999-та година и вчера во Хелсинки го претстави новиот „Yaris WRC“, како и тројцата пилоти: Јари-Мати Латвала, Јахо Ханинен и Есапека Лапи – сите Финци, одбрани од шефот на тимот – 4-кратниот светски шампион Томи Макинен, исто така Финец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП