2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft пушта паметна апликација за јазични преводи

Microsoft пушта паметна апликација за јазични преводи

artmic222

Американската технолошка компанија „Microsoft“ вели дека ќе лансира апликација за вршење на јазични преводи, што ќе биде достапна на „Windows“ и другите оперативни системи на нејзините конкуренти „Apple“ и „Google“. Потегот е дел од големата трка меѓу најголемите технолошки компании во светот за превласт во областа на вештачката интелигенција, пишува „Bloomberg“.

Апликацијата треба биде иста со услугата за превод на „Skype“, која „Microsoft“ ја издаде во 2014-та година. Новиот софтвер може да конвертира девет јазици усмено и 50 писмено, посочува Лили Ченг, директор за студии по проектот. Апликацијата се потпира на техники за вештачка интелигенција, како препознавање на гласот и машинско преведување.

Компанијата објави дека софтверската алатка ќе стане достапна во следната година за производителите на уреди кои сакаат да ја вградат во нејзиниот дигитален асистент „Cortana“ во своите производи.

Еден од најраните партнери е „Harman International Industries“, која ја користи „Cortana“ за своите гласовно активирани колони.

Неодамна „Google“ го направи својот дигитален асистент со вештачка интелигенција отворен за надворешни програмери, а „Amazon.com“ и „Apple“ исто направија слични чекори.

Главниот извршен директор на „Microsoft“, Сатја Недела смета дека вештачкиот интелект е клучен дел од иднината на компанијата и инвестира време и средства во оваа област. Во оваа недела „Microsoft“ започна и нов фонд за ризичен капитал кој е фокусиран на вештачката интелигенција. Во март таа ја претстави стратегијата за „платформата за разговори“, која користи т.н. „чатботови“ со кои луѓето можат да разговараат за да контролираат апликации, да наоѓаат информации и да купуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП