26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално се појави новиот Mercedes E-Class Coupe (фото+видео)

Официјално се појави новиот Mercedes E-Class Coupe (фото+видео)

Mercedes-Benz E-Klasse Coupé ( C 238 ), 2016

„Mercedes-Benz“ официјално ја претстави новата „E-Class Coupe“, што всушност претставува мини верзија на „S-Class Coupe“. Автомобилот ќе се нуди во неколку верзии, кои ќе се разликуваат една од друга, не само во опремата и моторите, туку и во изгледот. Разликите ќе бидат во браникот, решетката на ладилникот и тркалата.

Димензиите на моделот се 4826 мм должина, 1860 мм ширина, 1430 мм височина и растојанието помеѓу двете оски – 2873 мм. Автомобилот е за 123 мм подолг, за 73 мм поширок и за 32 мм повисок од својот претходник. Меѓуоскиното растојание пак се зголемило за 113 мм.

ecoupe-e-class-02

Што се однесува до внатрешниот простор, тоа е исто така зголемено. Местото за нозете на патниците на задните седишта е за 74 мм повеќе, а тоа за нивните рамена е со 34 мм. Широчината на задните седишта е поголема од 13 мм. Возачот и патникот до него имаат за 38 мм повеќе простор на располагање. Висината во кабината се зголемила за помеѓу 13 и 18 мм.

ecoupe-e-class-01

Генерално внатрешниот дизајн се повторува она што го видовме од класичниот „E-Class“ седан, а за поединечните модификации се предвидени и различни можности.

ecoupe-e-class-03

На пазарот новиот „E-Class Coupe“ ќе излезе во 4 модификации, а само една од нив – „E 400 4Matic“ ќе биде опремена со систем за погон на четири тркала. Таа се потпира на 3.0-литарски V6 мотор со 333 КС и 480 Нм вртежен момент. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,3 секунди, а просечната потрошувачка на гориво е 8,1 л/100 км.

Верзиите „Е 200“ и „Е 300“ се потпираат на 2.0-литарски тубмотор со 4 цилиндри, кој во првиот случај развива 183 КС (300 Нм), а во вториот – 245 КС (370 Нм). Потрошувачката на гориво е 6.0 и 6.4 л/100 км, додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 7.8 и 6.4 секунди.

Дизел верзијата „E 200 d Coupe“ е опремена со нов мотор со алуминиумска цилиндарска глава и алуминиумски сад. Моќноста на 2.0-литарскиот дизел е 194 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 400 Нм. Според каталошките информации, просечната потрошувачка на гориво е 4,0 л/100 км, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 7.4 секунди. Сите мотори се комбинирани со 9-степен автоматски менувач.

Потпирањето на кабината е за 15 мм пониско од тоа на седанот, а како опција може да се нарача пневматски систем „Dynamic Body Control“. Тој работи во 3 режими – „Comfort“, „Sport“ и „Sport Plus“. За доплата клиентот може да си нарача и суспензија „Air Body Control“.

Сите помошни системи и асистенти за безбедност кај автомобилот се добро познати од седанот „E-Class“. Кабината може да се нарача со асистент за екстремно запирање и со активен крус-контрол, кои работат при брзина до 210 км/ч. Достапна е и функција за паркирање со помош на смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП