18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои се лидери на пазарот на дигиталната реклама?

График на денот: Кои се лидери на пазарот на дигиталната реклама?

oci3888333

Во следните неколку години се очекува рекламата на интернет да ја надмине оваа на телевизија, претворајќи се во најголемиот рекламен пазар, коментира „Visual Capitalist“.

Човек би помислил дека овој едноставен факт би требало да доведе до сериозна иднина за многу компании за рекламирање, но реалноста очигледно е доста различна. Причината е дека дигиталната реклама доминира се повеќе, но само од двајца играчи, а сите други се борат за остатоците.

Денес околу 60 центи од секој долар за дигитална реклама одат за Google и Facebook.

Најверојатно е дека тоа е само почетокот, особено за „Facebook“, кој ги зголеми приходите од дигитална реклама за 59% во оваа година. Компанијата за социјални медиуми неодамна повторно ги урна очекувањата на Wall Street, откако откри дека само мобилниот бизнис на Facebook е поголем од големината на целата компанија во третиот квартал на 2015-та година.

Во исто време иконите-брендови, како „The New York Times“ се борат со целосна трансформација кон дигиталниот сектор, одвојувќи само 200 милиони долари годишно од онлајн реклами на своите страници. Тоа го прави „Times“, заедно со традиционалните медиумски компании „News Corp“, „Time Inc“ или „Hearst“ незабележителни во денешниот графикон.

Од пејзажот на дигиталната реклама претежно станува збор за силата на платформите. Поголемиот дел од табелата го заземаат компании кои имаат поставено (или купиле) платформи, полни со генерирани податоци од корисниците, содржина што луѓето ја користат секој ден. „Facebook“, „YouTube“ (сопственост на „Google“), „Twitter“, „Snapchat“, „LinkedIn“ и „Yelp“ наоѓаат место во табелата токму поради огромниот обем.

Со два збора, токму затоа најдобрите технолошки компании ги прегазија имињата, како „Exxon Mobil“ или „Walmart“ како компании со најголема пазарна капитализација во светот.

orak00

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП