14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBoeing доби нарачка за 80 авиони за 16,6 милијарди долари

Boeing доби нарачка за 80 авиони за 16,6 милијарди долари

%d0%b1%d0%be%d0%b5%d0%b8%d0%bd%d0%b333

Најголемиот ирански авиопревозник „Iran Air“ соопшти дека се договорил да купи 80 авиони од американската компанија „Boeing“ во најголемата зделка меѓу САД и Иран по исламската револуција од 1979-та година, објавија светските агенции.

Авионите – 50 примероци од моделот 737 и 30 летала од моделот 777 – ќе бидат доставени во идната деценија, прецизира директорот на авиокомпанијата Фархад Парвареш.

Трансакцијата е одобрена од американската влада, посочуваат агенциите.

За церемонијата на потпишување во Техеран беше регионалниот директор на „Boeing“, Флечер Баркдел.

Во јуни „Boeing“ објави дека склучил прелиминарен договор да продаде 100 авиони на „Iran Air“. Во септември Вашингтон му даде дозвола на американскиот производител и на европскиот конкурент „Airbus“ да продаваат авиони за милијарди долари на Иран, потсетуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП