8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот модел на Alpine веќе може да се порачува

Првиот модел на Alpine веќе може да се порачува

alpink3

Иако со извесно задоцнување, Францускиот гигант „Renault“ се справи со повеќе од успешно со оживувањето на легендарната спортска марка „Alpine“. Во февруари лично Карлос Гон ја претстави предсериската верзија на првиот модел, а сега компанијата веќе прифаќа пред-нарачки за верзијата „Premiere Edition“ на првиот модел, кој се очекува да го носи името „А120“. Од оваа верзија ќе бидат произведени само 1.955 автомобили.

При уплата на авансот за возилото што се случува преку апликација за смартфон, купувачот може да избере бојата на возилото – бела, црна или сина, како и број од производната серија – од 0001 до 1955, под услов бројот да не е веќе зафатен. Депозитот е во износ од 2.000 евра, а секој од автомобилите е по цена од 55.000 до 60.000 евра.

„Alpine Premiere Edition“ првично ќе се нуди во 14 земји: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска и Швајцарија, а од 2018-та година и во Јапонија и Велика Британија.

Првите автомобили ќе се подготвени на крајот на 2017-та година, а се очекува „Alpine“ да има 50 дилери на територијата на Европа, кога брендот ќе започне со сериозно сериско производство. Се претпоставува дека сериската верзија ќе биде многу блиску како дизајнот до прототипот претставен од Карлос Гон во Монте Карло. Најверојатно моторот ќе е 1.8-литарски турбо и моќност од 250 коњски сили, кој ќе работи со 7-степена „EDC“ трансмисија со две спојки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП