15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFox постигна договор за купување на британски Sky

Fox постигна договор за купување на британски Sky

foks44

„21st Century Fox“ постигна договор за стекнување на целосна контрола над „Sky“ за сума од 11,2 милијарди фунти (14,1 милијарди долари), што е уште еден обид на Руперт Мардок да ја консолидира својата телевизиска империја, пишува „Bloomberg“.

„Fox“, која веќе поседува 39% од „Sky“, предложила за стекнување на остатокот од компанијата по цена од 10,75 фунти за акција, покажува документот поднесен вчера во Велика Британија. Тоа е за 36% повеќе од цената на акциите на „Sky“ при затворање на берзата во четврток. Зделката била постигната меѓу независни директори на двата одбора, иако другите елементи на трансакцијата допрва ќе се дискутираат. Не е сигурно и дали „Fox“ ќе упати официјална понуда, изјавија од „Sky“.

Акциите на „Sky“ во Лондон се затворија по цена од 10 фунти, што е малку под понудата и што ги тера некои инвеститори да се скептични дека договорот ќе биде успешно завршен. „Fox“ напредуваше со 3,7% до 29,69 долари на берзата во Њујорк, откако претходно забележа раст од 6,2%.

Како комплетен сопственик на „Sky“, „Fox“, која ги поседува кабелските мрежи како „FX“ и „National Geographic“, ќе добие моќна платформа за ширење во Европа на платената телевизија и интернет. „Sky“ обезбедува сателитска телевизија на 21,8 милиони корисници во Велика Британија, Ирска, Италија и Германија.

Мардок одамна ја манифестираше желбата да ја поседува целата компанија. Тој направи обид да ја купи од останатите акционери за 7,8 милијарди фунти во 2010-та година, но не постигна успех.

Според британските правила „Fox“ ќе треба да разјасни дали ќе продолжи со понуда до 6-ти јануари, рекоа од „Sky“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП