8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави смартфонот Enjoy 6s

Huawei го претстави смартфонот Enjoy 6s

huawei-enjoy-6s-with-3gb-ram-hd-display-and-4g-volte-leaked

Компанијата „Huawei“ го збогати своето портфолио на евтини смартфони, откако во Кина го претстави моделот „Enjoy 6S“.

Телефонот може да се пофали со метално куќиште, скенер за отпечатоци на задниот капак и три бои – златна, сребрена и бела боја.

„Huawei Enjoy 6S“ е потенок од „Huawei Enjoy 6“ – 7.6 мм наместо 7.9 мм кај претходникот.

Смартфонот е опремен со 5-инчен IPS дисплеј со резолуција HD (720 x 1280 пиксели), 13-мегапикселна главна и 5 мегапикселна предна камера. Процесорот е Qualcomm Snapdragon 435. Тој е комбиниран со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија.

Капацитетот на батеријата е 3020 mAh, додека оперативниот систем е „Android 6.0 Marshmallow“.

Според информациите кои ни пристигнуваат од Кина, цената на „Huawei Enjoy 6S“ во оваа земја ќе изнесува 232 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП