7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонечно финализирана зделката на Microsoft за купување на LinkedIn

Конечно финализирана зделката на Microsoft за купување на LinkedIn

mic-link33

„Microsoft“ го финализираше договорот за купување на „LinkedIn“ во вредност од 26,2 милијарди долари. Веста беше соопштена од двете компании, а доаѓа околу шест месеци, откако договорот беше првично објавен.

Финализирањето стана можно откако претходно неделава договорот добие конечно одобрение од Европската комисија. За да добие одобрение, „Microsoft“ требаше да направи некои отстапки, со цел да се осигура дека компанијата нема да презема активности за да ги стави конкурентните на „LinkedIn“ во неповолна положба.

Со своите над 400 милиони регистрирани корисници, „LinkedIn“ е најпопуларната социјална мрежа, насочена кон професионалци. Платформата се користи како за поврзување на професионални контакти, така и од луѓе кои бараат работа, и работодавците. Овој фокус на платформата одговара на основната дејност на „Microsoft“, чиј најважен сегмент се бизнис клиентите.

Покрај тоа купувањето на „LinkedIn“ ќе му овозможи на „Microsoft“ да застане на сцената на социјалните мрежи, каде компанијата немала особен успех досега. Ќе биде интересно да видиме како „LinkedIn“ ќе се вклопи во постојното портфолио на комуникациски производи („Skype“, „Yammer“) на технолошкиот гигант.

Во изјавата од вчера извршниот директор на „LinkedIn“, Џеф Вајнер го потврди финализирањето на зделката како важна фаза во развојот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП