10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го проширува семејството Bentayga

Bentley го проширува семејството Bentayga

bbentli-80

Одличните резултати постигнати на светските пазари од првиот кросовер на „Bentley“ – моделот „Bentayga“, го натераа британскиот производител да почне да работи на проширување на целото семејство. Се очекува во текот на следните неколку години да се појават различни верзии на теренецот кои ќе ја зацврстат неговата популарност.

Првата од нив ќе биде готова во 2019-та година, кога ќе се појави редизајниот на моделот. Со него ќе излезе крос-купе, кој е предвиден за конкурент на „BMW X6“ и „Mercedes-Benz GLE Coupe“. Автомобилот ќе задржи четири врати, но ќе има надолна линија на покривот. Според претставник на брендот интересот за слични машини расте постојано и во „Bentley“ треба да имаат корист од овој тренд.

bbentli-81

Прашање на време е и појавата на продолжена модификација на „Bentayga“, а е сосема можно таа да биде готова уште порано. Идејата за создавање на таква машина се родила меѓу успехот на моделот „Bentley Mulsanne EWB“ во Кина и Блискиот Исток.

bbentli-82

„Овие пазари ни покажаа дека има огромна смисла од создавањето на автомобили со продолжена база“, вели генералниот директор на брендот Волфганг Дирхајмер, цитиран од „Autocar“, додавајќи дека во неговата компанија размислуваат и на спортска модификација на кросоверот.

bbentli-83

Најголем проблем кај неа сепак е високата цена на развој. Машината е направена целосно од композитни материјали, кои исто така ќе ја направат поскапа крајната опција. Сепак во „Bentley“ сметаат дека таков автомобил би го привлекол интересот на одреден круг купувачи и затоа тој може да биде претставен на пазарот во ограничена серија.

bbentli-84

„Не сме се откажале од спортски кросовер, а кај него најверојатно ќе користиме варијанти од „Continental GT3-R“, кој беше произведен во серија од 300 примероци. Сличен автомобил сепак треба да одговара на уникатниот ДНК на брендот кој што комбинира моќност, комфор и луксуз“, објасни главниот инженер на „Bentley“, Ролф Фреч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП