5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува дрон

Samsung подготвува дрон

dron-samsung-3993

„Samsung“ не прави само телефони и таблети, туку и некои други мобилни уреди. Па така можеме да видиме некои уреди за носење или „Gear 360“ камерата за виртуелна реалност. Сепак, се поставува прашањето, дали изработката на дрон е следниот логичен чекор?

Пријавата за патент ја потврдува токму таквата работа, а дронот на „Samsung“ според неа би можел да има кружен дизајн.

Потсетуваме дека уште минатата година имаше известување според кое „Samsung“ има формирано посебен тим за изработка на дрон, но се уште ништо конкретно не е остварено. Новиот патент ни открива дека продолжуваат со работа, иако компанијата на потврдува ништо официјално.

Патентот покажува дрон со кружен дизајн, голем вентилатор во средината и ногарки на склопување кои се наоѓаат на дното. Дронот на „Samsung“ исто така има и камера.

Станува збор за интресен производ кој се уште не пристигна до сериско производство, затоа што обично чинат по неколку стотини долари. „Samsung“ продолжува со работата на него, но не се знае кога би можело да го очекуваме неговото претставување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП