Цените на акциите на руската енергетска компанија „Роснефт“ скокнаа во четвртокот на историски највисокото ниво по вестите за продажбата на државниот удел од 19,5 отсто, пренесуваат руските медиуми.
Цената на акцијата на „Роснефт“ на Московската берза порасна за 6,6 отсто до 380 рубљи за акција, што е нов максимум во целата историја на тргувањето со хартиите од вредноста на оваа компанија.
На Лондонската берза, депозитарните расписки (GDR) на „Роснефт“ скокнаа за 8,32 отсто до 5,99 долари за една хартија и го достигнаа максималното ниво од 25-ти септември 2014 година.
Притоа капитализацијата на „Роснефт“ првпат надминала 4 трилиони рубљи, односно 4,027 трилиони рубљи.
Овие големи промени следат по извештајот за малцинскиот државен удел на компанијата на катастарскиот инвестициски фонд и на компанијата „Glencore“.
Русија во средата објави дека го продала малцинскиот удел од 19,5 отсто во државниот нафтен гигант „Роснефт“ за 10,5 милијарди евра на Катастарскиот државен инвестициски фонд и на компанијата за тргување со сировини „Glencore“. Ова го објави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин.
Државата ќе го задржи контролниот удел, а уште претходно уделот во „Роснефт“, најголемата руска нафтена компанија и една од најголемите во светот, од 19,75 отсто ги поседува британскиот нафтен гигант BP.
Долго водените преговори за приватизацијата на „Роснефт“ се дел од напорите на руската влада да продаде дел од државната сопственост за да го пополни буџетот кој има проблеми поради двегодишната рецесија,во прв ред поради падот на цената на нафтата.