19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари поседуваат десетте најбогати луѓе во светот?

Колку пари поседуваат десетте најбогати луѓе во светот?

bg-wb-ao00

Богатството на најбогатиот човек во светот – Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, повторно ја мина границата од 90 милијарди долари, станува јасно од податоците на „Bloomberg“.

Гејтс веќе има 90.2 милијарди долари, откако вчера акциите на технолошката компанија забележаа раст од 2.37%, до 61.37 долари, или само 0.04 долари под историскиот максимум.

Десетте најбогати луѓе во светот, пак, поседуваат 580 милијарди долари. Втората и третата позиција во една од најпрестижните листи се заземени од инвеститорот Ворен Бафет и сопственикот на Zara, Bershka и други, Амансио Ортега со 73.7 и 73 милијарди долари.

Други двајца технолошки милијардери исто така се наоѓаат во ова рангирање – Џеф Безос и Марк Цукерберг. Основачите на „Amazon“ и „Facebook“ поседуваат по 67 и 51.3 милијарди долари, на тој начин се пред Мексиканецот Карлос Слим (48.7 милијарди долари) и браќата Дејвид и Чарлс Кох (45.8 милијарди долари).

Топ 10 се дополнува со основачот на „Oracle“, Лари Елисон и Ингвар Кампрад од „IKEA“ со богатство од 43,1 и 40.9 милијарди долари.

bilionerse333

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП