7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИма ли проблем и со батеријата на iPhone 6?

Има ли проблем и со батеријата на iPhone 6?

iphone-5s-battery333

„Apple“ објави дека надворешните фактори најверојатно се причината за палењето на батеријата на „iPhone 6“, случај кој е опишан во кинески извештај за заштита на потрошувачите, кој беше широко застапен во локалните медиуми и создаде немири во социјалните мрежи, пренесува „Ројтерс“.

Советот на корисници во Шангај го претстави извештајот во петокот. Во него се открива како батериите на осум телефони „iPhone 6“ се запалиле и се наведува дека телефоните се исклучени пред енергијата на батеријата да биде целосно исцрпена.

„Уредите што ги разгледавме досега, јасно покажуваат дека тие имаат надворешна физичка штета која довела до случаите“, коментира портпаролот на „Apple“. Компанијата ќе направи и поголема истрага за ова прашање.

Американската технолошка компанија се соочува со пад на продажбата во Кина во последните три квартали, додека домашните производители на смартфони нудат уреди со конкурентни параметри по пониска цена. Технолошкиот гигант се надева да се врати на најдобрата продажба во првиот квартал од следната година со својот „iPhone 7“.

Кинеските производители сепак исто така уживаат поттик, откако јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“ повлече од пазарот 2,5 милиони примероци на „Galaxy Note 7“ и го стопираше производството по големиот број случаи на самозапалување на батериите. Сето ова доведе до зголемување на недовербата кон странските брендови на смартфони, тврдат корисниците и аналитичарите.

Советот на корисници во Шангај наведува во извештајот дека за време на преземањето на уредите на „Samsung“ во октомври-ноември се појавиле и повеќе поплаки за производите на Apple. Нивниот број е зголемен речиси двојно во однос на 2015-та година до 2.763.

„Случајот со „Samsung“ ги натера кинеските корисници на смартфони да почнат да мислат дека не е задолжително странските брендови да се целосно безбедни“, коментира Никол Пен, директор на „Canalys“ за азиско-пацифичкиот регион.

Напишаното во локалните медиуми предизвика десетици илјади коментари на социјалните мрежи. Иако многумина се сомневаа дека „iPhone 6“ може да има сличен дефект, најпопуларните коментари се покажаа оние кои изразуваат незадоволство од странските брендови со скапи производи за кои безбедноста на потрошувачите не е загарантирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП