3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп најдобри земји во математика, читање и наука, Македонија на дното!

Топ најдобри земји во математика, читање и наука, Македонија на дното!

minims

Организацијата за економска соработка и развој(OECD) ја објави глобалната ранг-листа  за успехот на  учениците по математика, читање и наука од “Програмата за меѓународно оценување на учениците(PISA)”.

PISA- Program for international Student Assessment е светски испит кој се мери на секои три години во 72 земји и опфаќа 15-годишна возраст на ученици.

На прво место во сите три рангирања се најде Сингапур. На врвот во рангирањето на листата се најдоа азиските земји, додека рангирањето на САД падна на 35-то по математика, 24-то место по читање и 25-то место по наука.

На глобалното рангирање, Македонија се наоѓа на дното на листата. Во рангирањето по математика и наука подобри сме само од Косово, Алжир и Доминиканска Република, а во рангирањето по читање сме само пред Косово, Алжир и Либан.

Резултатите се далеку под просекот на ОЕЦД. Ни од далеку не може да конкурира нашето образование со останатите држави. Дали треба да се покрене прашањето за функционалноста на нашиот образовен систем?

lista

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП