22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатно знаење: Ова се земји каде образованието е евтино или бесплатно

Бесплатно знаење: Ова се земји каде образованието е евтино или бесплатно

stu

Во некои европски земји како што е Велика Британија каде високото образование чини цело богатство, студентите често се одлучуваат да се школуваат во земјите каде што образованието чини евтино или бесплатно, тоест на сметка на државата.

Ви претставуваме некои од земјите каде што трошоците за високо образование ги покрива државата.

Од 2014 година студентите кои се школуваат во Германија, се на сметка на државата без разлика од каде доаѓаат. Нажалост, наскоро тоа ќе се промени и студентите кои доаѓаат надвор од Европската унија ќе мораат да плаќаат школарина од 1.500 евра во некои од универзитетите од југозападниот дел на земјата.

Во Франција не е бесплатно образованието во сите области, но постојат факултети каде школарината по година изнесува симболични 180 евра.

Во Скандинавија(Норвешка, Данска, Шведска и Финска) обично бараат течно говорење на домашниот јазик и тоа е единствениот услов за бесплатно школување, но и овде се менуваат правилата од есен 2017 година, како во Германија. Школарината, исто така, ќе изнесува 1.500 евра по година.

За школување во Австрија, ако сте жител на ЕУ, потребно ви е да издвоите 360 евра по година, но ако доаѓате од земја која не е членка на ЕУ за школување ќе плаќате по 730 евра по година.

За оние кои се решени да студираат во Чешка, а говорат чешки јазик, студирањето е потполно бесплатно, додека оние кои сакаат да студираат на англиски јазик, годишната школарина изнесува 4.000 евра.

Во Грција, исто така е бесплатно школувањето за сите оние кои говорат грчки јазик, додека меѓународните студенти плаќаат школарина во износ од 1.500 евра.

И во остатокот на светот постојат држави кои поголемиот дел од студиите го покриваат или бараат минимален паричен надоместок по година, како што се Аргентина, Индија и Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП