22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на вкупната вредност во извозот на стоки од Македонија

Раст на вкупната вредност во извозот на стоки од Македонија

uvoz-izvoz3399

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 219.292.570 илјади денари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 307.166.245 илјади денари, што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 87.873.675 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2016, изнесува 71.4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-октомври 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Обем на размената, 01-10 2016 Покриеност на увозот со извоз
526.458.816 илјади денари 71.4 %
8.544.263 илјади евра 71.4 %
9.528.769 илјади САД долари 71.3 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- октомври 2016 година, изнесува 3 559 094 илјади евра и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 985 169 илјади евра, што е за 5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 1 426 074 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 3 967 142 илјади САД долари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 561 627 илјади САД долари, што е за 5.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 1 594 485 илјади САД долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП