18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХокинг: Човештвото е во најкритичниот момент поради Трамп и Брегзит

Хокинг: Човештвото е во најкритичниот момент поради Трамп и Брегзит

hawking1

Стивен Хокинг, познат теоретски физичар го прекина молкот во врска со изборната победа на Доналд Трамп, со очаен повик до човечката раса „да работи заедно и да ги сруши бариерите“, пишува британски Independent.

Многу пати наградуваниот космолог, национално богатство на Велика Британија, изјави дека ќе биде „страшна грешка” да се игнорира популизмот зад гласовите за напуштање на ЕУ или Brexit, као и популизмот на американскиот магнат и милијардер.

Хокинг исто така, тврди дека „ние сме во најкритичниот момент во развојот на човештвото” со „технологија која може да ја уништи планетата”.

Изборот на Донлад Трамп за претседател на САД и „Брегзит“ стаанаа реалност поради тоа што луѓето бараат начини да се спасат од нееднаквоста, невработеноста и економските последици на глобализацијата, пишува физичарот Стивен Хокинг во статија за британски Guardian.

Според него, овие два настани го рефлектираат моментот кога заборавените луѓе од сите страни „ја завртеа плочата“ и ги отфрлија сите совети и препораки на експерти и елити.

Забрзувањето на научно-техничкиот напредок води кон тоа да луѓето се почесто губат работа, а интензивниот развој на интернетот и придружните платформи ја заострува економската нееднаквост, овозможува стекнување екстра приходи само за ограничена група луѓе, вели Хокинг и додава дека тоа е е неизбежно, дека напредокот тој што има деструктивен карактер на социјален план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП