
Германскиот производител на автомобили „Porsche“ за заштитно лице во наредните три години ја одбра Марија Шарапова.


Германскиот производител на автомобили „Porsche“ за заштитно лице во наредните три години ја одбра Марија Шарапова.
Познато е дека моделите на „Porsche“ воглавном се „машки“ играчки, но експертите се прашуваат дали германскиот бренд со „женствените“ модели ќе се обиде да го освои и понежниот дел од популацијата.
Според некои испитувања дури 88 проценти од купувачите на моделите на „Porsche 911“ се мажи.
„Марија е перфектен избор. Нејзиниот профил и харизма се идеални за нас“, изјави Матијас Милер.
Русинката моментално е на второто место на ВТА листата, а заработува дури 20 милиони долари годишно само од реклами. Покрај „Porsche“ таа е заштитно лице и на компаниите „Nike“, „Cole Haan“, „Evian“, „Tag Heuer“ и „Samsung“.
Сепак ова не е првпат Шарапова да рекламира автомобилски бренд, имено таа во 2006-та година беше заштитно лице на „Land Rover“, но оваа работа пропадна поради тоа што „Ford“ две години подоцна го продаде овој бренд.