3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна парична казна за компанија за крстарење поради загадување

Рекордна парична казна за компанија за крстарење поради загадување

broj-krstarenje

Компанијата за крстарење „Princes Cruise Line“ ќе плати казна од 40 милиони долари за загадување на океанот со нафтени деривати, соопштува „The Guardian“. Компанијата се изјасни за виновна во злосторството и беше осудена од судот во Мајами, дополнува британското издание.

Казната е најголемата, наметната досега по тужба за загадување на животната средина од страна на брод.

Компанијата со седиште во Калифорнија е дел од „Carnival Corp.“, која е најголемата компанија за крстарење во светот.

Истрагата на американското обвинителство покажува дека на еден од бродовите на компанијата – „Caribbean Princess“, немал цевки, преку кои се заобиколат објектите за собирање на отпадните нафтени производи. Така бродот со години излевал илјади галони нафта во водите на океанот.

Прекршокот е откриен кога новоназначен инженер го соопштил овој проблем на британските властите во текот на летото на 2013-та година. Во тој момент бродот преминувал во територијалните води на Велика Британија.

Само за ден – на 26-ти август 2013-та година, од брод биле исфрлени 4.000 галони нафтени производи во водите на океанот околу бреговите на Велика Британија, покажуваат откритијата на Министерството за правда на САД.

Главниот инженер на бродот се обидел да го прикрие прекршокот, со отстранување на специјалните капацитети и принудувајќи го екипажот да ги излаже британските власти, дополнуваат од институцијата.

Истражните органи на САД сепак успеале да го откријат злосторството, иако членовите на екипажот и досега категорично негираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП