19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и ЕК се договорија за магистрални такси за странските автомобили

Германија и ЕК се договорија за магистрални такси за странските автомобили

pat-germanija-333

Германија и Европската комисија (ЕК) се договориле за воведувањето на специјалните такси за странските возила кои ги користат германските автопати.

Минатата година, парламентот на земјата го одобри воведувањето такси за странските возила кои ги користат автопатите. Идејата датира уште од 2013-та година.

Брисел се огласи против мерката со мотив на дискриминација која е спротивна на европските правила.

Договорот предвидува Германија да воведе такси и за странските возила, и за автомобилите на Германците, на кои надоместоците ќе се задржуваат со даноците.

Надоместоците се предвидува да се диференцираат во зависност од степенот на загадување, кое е дозволено за автомобилите.

Минималната такса се предвидува да биде во износ од 2,5 евра за 10-дневен пропуст или налепница за движење по автопатите. Максималната цена за ваков пропуст ќе биде 20 евра.

Слични пропусти или налепници ќе има и за период од два месеци или за период од една година, а максималната годишна вредност на таксата или налепница за странски автомобили ќе биде 130 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП