5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКамфуд заедно со познат хотелски бренд ќе гради ексклузивен хотел во Охрид

Камфуд заедно со познат хотелски бренд ќе гради ексклузивен хотел во Охрид

kkk

Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро.

„Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување на нивото на економски развој во Охрид, но и поширокиот регион. Нашиот најголем туристички центар сега ќе може рамноправно се носи на туристички план со земјите од регионот и европските земји“, велат од „Камфуд“.

Станува збор за исклучително атрактивната крајезерска локација, во локалитетот „Свети Стефан“, со површина од 6.750 м2 под објекти, односно вкупна површина од околу 21.000 м2. Минатата година компанијата ја купи поранешната Детска болница за 1,2 милиони евра.

КАМФУД Дооел Скопје е компанија која се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп и претставува дел од КАМ холдинг група, основана во 1999 година.

Малопродажениот синџир работи по ист принцип модел како „Алди“, „Лидл“, „Плус“ и др. Располага со повеќе од 60 КАМ супермаркети низ земјата, а се работи и на влез нa нови пазари во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП