24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАEuropean Business Awards ги избра најдобрите бизниси од Македонија

European Business Awards ги избра најдобрите бизниси од Македонија

sss

По повод Европските бизнис награди спонзорирани од РСМ, на свеченост која ќе се држи во Загреб на 01 Декември 2016, ќе бидат претставени Македонските компании кои ја носат титулата Национален шампион 2016-17, како дел од претставниците од неколку земји од регионот (Србија, Хрватка и Словенија).

Четиринаесет угледни компании од Македонија беа избрани од страна на панел независни судии меѓу кои и искусни лидери од областа на бизнисот и академските кругови. Со добиената титула – „Национални шампиони “ тие ќе ја претставуваат својата земја во следната фаза на натпреварувањето.

На настанот во Загреб, учесниците ќе имаат можност да зборуваат со претставници на водечки бизниси во нивната област од регионот и Европа.

РСМ Македонија, која исто така ќе учествува на свеченоста, им честита на најдобрите бизниси во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, и им посакува понатамошен успех во натпреварувањето во Европска конкуренција: „Воодушевени сме од тоа што 14 компании од Република Македонија се признаени за нивниот успех. Тие навистина ги претставуваат квалитетот и иновациите кои нашата бизнис заедница може да ги понуди.“

Џин Стивенс, извршната директорка на РСМ кажа: “Националните шампиони се истакнати лидери кои покажуваат истрајност во бизнисот и комерцијална извонредност. Овие компании ќе го отворат патот кон напредок и просперитет низ целиот континент и пошироко. Би сакала да им честитам на сите и да им посакам среќа во следните фази.“

Во следната фаза, Националните шампиони ќе прикажат видео во кое ќе  ја пренесат својата приказна и ќе го покажат својот професионален успех.

Победниците по категорија и победникот на публиката ќе бидат објавени на гала финалето во пролет 2017.

Европските бизнис награди се најголемиот меѓу-секторски бизнис натпревар во Европа на кој оваа година учествуваа преку 33.000 компании од 34 држави. Главниот спонзор РСМ, е 6-та најголема мрежа на независни ревизорски, даночни и консултантски компании од целиот свет и ги поддржува Европските бизнис награди од самиот почеток.

Листа на национални шампиони:

  1. Стопанска банка АД Скопје
  2. АСПЕКТ
  3. Брансис
  4. Дигитал Центар ДОО Скопје
  5. Динерс Клуб Македонија
  6. Камчев Консалтинг ДООЕЛ Скопје
  7. Мелон Солушнс
  8. НЛБ Банка АД Скопје
  9. П.И.К.Ко ДООЕЛ
  10. РАДЕ КОНЧАР – Трансформатори и електрични постројки – ТЕП ДООЕЛ Скопје
  11. Скрин Медиа ДООЕЛ
  12. Универзитет Југоисточна Европа
  13. ТТК Банка АД Скопје
  14. Везе Шари ДОО

 

За Европските Бизнис Награди

Примарната цел на Европските Бизнис награди е да го поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа.

За сите граѓани на Европа, нашиот просперитет, социјалниот систем и системот на здравствена грижа се потпираат бизнис создавањето на уште посилна, поиновативна и поуспешна, меѓународна и етичка бизнис заедница – заедница која го создава пулсот на зголемувачки глобализирана економија.

Програмата на Европските Бизнис награди служи на Европската бизнис заедница на три начини:

  • Го слави и промовира успехот на поединци и организации;
  • Обезбедува и промовира примери на извонредност кон кои бизнис заедницата треба да се стреми;
  • Соработува со Европската бизнис заедница за да создаде дебата во однос на клучните прашања.

Европските бизнис награди се во својата 10та година од постоењето. Оваа година вклучи повеќе од 33.000 компании од 34 држави. Минато годинешниот „глас на публиката“ генерираше повеќе од 227.000 гласови од цела Европа.

Спонзорите и партнерите ги вклучуваат РСМ, ELITE и PR Newswire.

За РСМ

РСМ е 6та најголема мрежа на компании за независна ревизија и компании за советување и даноци  која опфаќа повеќе од 120 земји, 760 канцеларии и повеќе од 38.000 луѓе на меѓународно ниво. Вкупниот приход на мрежата е 4.64 милијарди УСД.

РСМ е главен спонзор и корпоративен шампион на Европските Бизнис Награди кој промовира комерцијална извонредност и препознавање на претприемничката брилијантност.

РСМ е член на Форумот на компаниите. Целта на Форумот е да промовира постојаност и стандарди на висок квалитет на финансиски и ревизорски пракси низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП