23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПад на продажбата на смартфони во третиот квартал

Пад на продажбата на смартфони во третиот квартал

tel-333

Пазарот на мобилни телефони е намален 1,8 отсто во третиот квартал на годинава, покажува анализата на компанијата CCS Insight. Во светот се продадени 481 милиони телефонски уреди во периодот јули-септември.

Падот на продажбата се објаснува со заситеноста на пазарот во развиените земји. Продажбата на обични телефони е намалена за 17 отсто, а смартфоните бележат раст од 5,1 отсто, односно 352 милиони парчиња.

Нема промена во Топ 3 кај смартфоните. Samsung го задржува лидерството со удел од 22 отсто, и покрај падот од 10 отсто во продажбата, кој изнесуваат 76 милиони парчиња во третиот квартал.

Apple регистрира пад во третиот квартал, во периодот јули-септември тој изнесува 5 отсто. Аналитичарите очекуваат мал раст кај iPhone во овој квартал.

Huawei, за разлика од Samsung и Apple, ја зголеми продажбата за 23 отсто, заземајќи 10 отсто од пазарот.Компанија си постави за цел во наредните две години да се искачи на второто место, односно да го завземе местото на Apple.

CCS Insight очекува во четвртиот квартал во светот да бидат продадени околу 412 милиони смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП