5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger веќе вклучува и игри

Facebook Messenger веќе вклучува и игри

igri-messenger33

За корисниците кои се навикнати да потрошат многу време, користејќи „Messenger“ на „Facebook“, достапна е нова услуга.

Социјалната мрежа објави нова функција во апликацијата за разговор која им овозможува на корисниците да играат исклучително популарни игри, како игрите „Pac-Man“ и „Space Invaders“. Тоа е најновиот обид на компанијата да ги натера луѓето да поминуваат повеќе време во услугата, пренесува „Ројтерс“.

Новата функција првично беше пуштена во 30 земји и вклучува 17 игри. Таа ќе биде достапна со најновите верзии на оперативните системи „iOS“ и „Android“.

За време на повик корисникот може да ја избере иконата за игри и да избере некој од предлозите. Функцијата исто така им овозможува на корисниците да испратат предизвици на своите пријатели да си играат со нив.

„Facebook“ ја направи „Messenger“ самостојна апликација во 2014-та година – потег кој во почетокот не им се допадна на голем дел од корисниците. Сепак таа доби популарност откако компанијата додаде голем број на функции кон неа.

Покрај тоа социјалната мрежа вклучи можност за видео повици и за плаќање преку мобилната апликација.

„Facebook“ има над 1 милијарда корисници на „Messenger“, што ја прави една од трите врвни апликации во светот. Нејзината главна апликација „Facebook“ е лидер, следена од „Messenger“ и „WhatsApp“ – услугата за разговор, која компанијата ја купи во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП